Креативни идеи за 8ми Март

2018-03-07

Не постои скап подарок кој може да замени рачно изработени честитки или украси од најмилите. Затоа на денот на жената изненадете ги вашите најблиски со овие интересни идеи.

1.

За овие 3Д честитки со лалиња потребно е:

  • шаблон за правоаголник (превземете овде и овде)
  • шаблон за срце (овде)
  • хамер во боја
  • бели листови
  • ножички
  • лепак
  • молив/фломастери

Прво подгответе ја честитката од хамерот во боја по избор и од горе залепете бела хартија како на сликите. Исечете ги цветовите и стеблото со листови според шаблоните. Цветовите превиткајте ги на пола и залепете ги еден до друг. На белата основа од честитката поставете ги стеблото со листовите и на крај готовиот 3Д цвет.

 

2.

Потребно е:

  • дебел конец во различни бои
  • подебела игла
  • шаблон – срце
  • бел хамер
  • молив

Поставете го шаблонот на белиот хамер и поставете точки околу него.

Дупнете ги точките со иглата и конецот во боја во различни насоки. Кога сите полиња ќе се пополнат, пресечете го конецот и врзете го.

Користете различни бои за следните честитки, а на крај напишете некоја убава порака позади!