Картонско чудовиште
2017-02-19

Потребни материјали:
- Картон;
- Ножици;
- Спојувалки.
- Исечете 6 правоаголници со димензија 12x3cm (по желба може и подолги или пократки). Откако ќе ги исечете шесте правоаголници почнете да ги спојувате во форма на буквата Х со помош на спојувалките.
- Исечете картон со димензии 12x6cm, a потоа во средината нацртајте една права линија и 4 коси линии (погледнете на сликата). Додадете ја главата на телото и картонското чудовиште е готово!
Играта може да почне! Уживајте!