Истражете го звукот со дувачкиот инструмент Казу

2017-01-17

Потребни материјали:

 

  • тоалетна ролна или кујнска ролна;
  • мрсна хартија за печење;
  • ластичиња;
  • остар молив;
  • темперни или водени бои.

Исечи парче од мрсната хартија и со ластичето завиткај го едниот крај од ролната. Потоа со помош на остриот молив или некој друг остар предмет направи неколку дупчиња на ролната.

Дувни или направи некаков звук од отворената страна на ролната за да го направиш Казу звукот.

На крај по желба обојте ги ролните со темперни или водени бои.

Што е всушност Казу?

Казу е дувачки инструмент кој потекнува од Америка. При зборење или пеење во Казу , тоj на звукот му дава својство на бас.

Клучни зборчиња: , ,