Интересно плетено гнездо од волница

2017-03-11

Потребни материјали:

 

  • книжна чинија;
  • волница во различни бои;
  • ножици;
  • шпатула или молив.

Најпрво направете 9 или 11 резови на краевите од книжната чинија. Потоа затегнете исто толкав број на парчиња од волница. Оставете по 20см. на краевите од чинијата и заврзете чворови за да може да се затегне волницата. Започнете со плетење така што прво направете чвор во средината каде што се спојуваат сите парчиња волница. Замотајте поголемо парче волница од една боја на шпатулата или моливот и протнувајте го низ затегнатите парчиња волница како на сликата.

 

Продолжете и со други бои така што кога ќе завршите со едната направете чвор и исто така со чвор започнете ја другата боја на волница. Шарајте по желба.

Кога ќе завршите со плетење извадете ги затегнатите парчиња волница и заврзете ги сите заедно за гнездото да може да виси и да се закачи. Ставете во него играчка и уживајте во играта!

 

Клучни зборчиња: ,