Интересен експеримент со цветови
2017-05-07
Потребни материјали:
- бели цветови;
- темперни бои;
- вазни или чаши;
- ножици.
Најпрво пресечете ги дршките на цветовите за да ги собере во садот кој што го имате. Исто така со тоа што ќе ги пресечете ќе им овозможите побрзо да ја апсорбираат обоената вода.
Потоа додајте вода во садовите и капнете од боите кои ги имате. Во секоја вазна капнете различна боја и ставете по еден цвет.
Поставете ги вазните со цветови на сончево место и заедно со вашите деца набљудувајте што ќе се случи.
По неколку дена ќе забележите дека бојата на цветовите се променила, наместо бела цветот ја добил бојата која ја ставивте во водата.