Џиновски кристал од боракс

2017-04-18

Потребни материјали:

 

  • 9 лажици Боракс (може да го најдете во аптеки)
  • 3 чаши вода
  • Декоративнa жицa
  • Прехрамена боја
  • Дрвено стапче
  • Конец

Со декоративната жица направете форма по ваша желба. Можете да направите различни форми: топка, срце, ѕвезда и сл. во зависност од тоа како сакате да ви излезе кристалот. Потоа со конец на дрвеното стапче заврзете ја декоративната жица.

Ставете вода во огноотпорен сад, а потоа оставете ја да зоврие. Откако ќе зоврие истурете ја водата во друг сад, веднаш додадете ги  девете  лажички боракс и измешајте, а потоа додајте ја бојата. Откако ќе биде подготвена смесата ставете ја декоративната жица во течноста, поклопете го садот за да не ја испушта топлината и ставете ја на темно место. Така оставете да стои 12 часа.

За крај извадете го кристалот од течноста исечете го конецот и експериментот е успешно завршен!

 

 

Клучни зборчиња: , ,