Џиновски цвеќиња – Вртелешки!

2017-05-01

Потребни мтеријали:

 

  • Украсна хартија
  • Стапче, гранка…
  • Лепак
  • Ножици
  • Игла

Големината на украсната хартија може да биде по ваш избор во зависнот од тоа колку голем сакате да ви биде цветот. Потоа исечете ја во форма на квадрат и свиткајте ја дијагонално од двете страни.

Со ножички исечете го квадратот дијагонално од  сите агли накај средината, но оставете по 10см од средината како на сликата. Четрите агли превиткајте ги во насока на средината и залепете ги со лепак. Во средина ставете украсна игла, (одберете подолга за да можете да ја протнете низ стапчето), и свиткајте ја. Стеблото на цветот можете да го направите и од хартија која што ќе ја замотате во ролна.

Клучни зборчиња: , ,