Диносауруси од тоалетни ролни
2017-02-26
Потребни материјали:
- тоалетни ролни;
- ножици;
- темперни бои и четка;
- црн фломастер.
Диплодокус
Нацртајте го Диплодокусот на тоалетната ролна како на сликата.
Потоа пресечете по линијата.
Превиткајте ја опашката и главата надолу како на сликата.
На крај обојте го диносаурусот и нацртајте му очи со фломастер.
Трицератоп
Нацртајте го телото и главата на Трицератопот на тоалетната ролна како на сликата.
Исечете го телото и главата. Превиткајте ја опашката надолу.
Исто така превиткајте ја и главата надолу, а роговите превиткајте ги нагоре како на сликата.
Исечете ја главата на диносаурусот и превиткајте го долниот дел за полесно да направите два реза каде што ќе ги протнете роговите.
Протнете ги роговите низ главата и обојте го Трицератопот.
На крај декорирајте го и нацртајте му очи.