Букет од топчиња од волница!

2017-03-05

Потребни материјали:

 

  • Волница (боја по ваш избор);
  • Гранчиња или жици во боја;
  • Ножички;
  • Вилушка.
  1. Одберете волница, замотајте ја околу вилушката, потоа во средина заврзете ја, исечете ги краевите и обликувајте ја во форма на топче. Бројот на топчиња од волница е по ваш избор.

  1. На гранките или на жиците во боја закачете ги топчињата од волница, направете повеќе цвеќиња и букетот е готов.

Цвеќињата може да ги ставите во тегли, чаши, вазни декорирани со украсни траки, обмотани со волница или едноставно врзете ги со коноп. Креативноста ја оставаме на вас!

 

Клучни зборчиња: , ,