10 интересни факти за поларните мечки
Дали сте подготвени за една неверојатна авантура на мраз? Ние сме подготвени да одиме на Север, далеку на Север за да ги запознаеме поларните мечки.
- Поларните мечки живеат во замрзнатата дивина на Арктикот, во Канада, Алјаска, Гренланд, Русија и Норвешка.
- Тие се сериозно големи мечки. Возрасните мечки достигнуваат должина околу 2,5 метри и тежат околу 680 килограми. Нивната огромна големина и тежина ги прават да бидат најголемите карнивори(јадачи на месо) на светот.
- Поларните мечки се адаптирани да ги поднесат и најтешките услови на планетата Земја. Освен нивното крзно тие имаат и еден слој на сало кој што ги штити од студот и од ладната вода. Тие исто така имаат црна кожа, која не се гледа од нивното бело крзно, но која им служи за да ги привлече сончевите зраци и така да им држи топло.
- Овие неверојатни животни имаат многу развиен осет за мирис кој што го користат за да го следат својот најомилен оброк, фоките. Нивното сетило за мирис е толку развиено што тие можат да го осетат својот плен дури на 16 километри оддалеченост од нив.
- И покрај нивната големина тие се одлични пливачи. Поларни мечки биле забележани како пливаат и на 100 километри оддалеченост од копното. Тие можат слободно да пливаат 10 километри на час со помош на своите шепи од 30 сантиметри големина.
- Иако се добри пливачи, поларните мечки не можат да ги фатат фоките на отворено море. Туку тие се зависни од мразот кој го користат како платформа за ловење. Тие ги чекаат фоките на работ од мразот и кога некоја фока ќе се качи, …. лааап!
- Дали знаеше дека крзното на поларната мечка не е бело? Нејзиното влакно е всушност транспарентно и ја одбива светлината. Ова и помага на мечката да се прикрие во таа голема белина, тоа е одличен трик за мамење на пленот.
- Женките поларни мечки раѓаат мали мечиња во снежни дувла (во Ноември и Декември) каде што се заштитени од лошите временски услови. Кога ќе се родат малите тие се долги 30 сантиметри и тежат пола килограм.
- Поларната фамилија излегува од дувлото после четири до пет месеци. Малечките мечиња остануваат со својата мајка две години и за овој период учат како да се снајдат на Арктикот.
- Тажно, но овие животни спаѓаат во листата на загрозени видови. Најголемата закана за нив претставуваат климатските промени. Зголемувањето на температурите го топи мразот порано и така поларните мечки имаат пократко време да најдат храна.